еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Фрапантни податоци: Државата ја напуштиле 1.200 лекари, а само за три месеци 83 барале потврди за работа во странство

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) на нивниот фејсбук-профил објавија загрижувачки податоци во однос на иселувањето на лекарите надвор од државата.

Она што е фрапантно е што во првите три месеци 83 лекари побарале потврда од Лекарска комора за работа во странство, што е за 20 отсто повеќе од лани.

Податоците кои ги изнесе АСМЛ ги објавуваме во целост:

• Македонија ќе ја заврши 2019 година со околу 4.700 активни лекари севкупно, 22% помалку лекари од просекот во ЕУ, но поголем проблем е катастрофалната дисперзија по региони.

• Околу 200 студенти годишно завршуваат Mедицински факултет, а ист е бројот на оние кои си заминуваат од земјава.

• Од 2010 до 2018 земјата ја напуштиле 1.200 лекари. Во периодот 2006-2015, бројот на лекари кои заминуваат годишно се зголемил за речиси 20 пати.

• Само во првите 3 месеци од годинава, 83-ца лекари од Македонија побарале потврди од ЛКМ со цел да работат во странство, што претставува 20% зголемување во однос на истата бројка минатата година.

• Во моментов, во државата се активни 144 матични гинеколози, од кои во Скопскиот регион 49 лекари, додека најмал е бројот во вардарскиот и североисточниот регион со 11 гинеколози.

Во повеќе од 60 општини во Македонија нема или има недостаток од гинеколози катастрофална дисперзија. Според Светската здравствена организација, на овој број на население во Македонија, треба да има минимум 400!

• Вкупниот број на матични лекари изнесува во 2017 година е 1.577 или 1 лекар на 1.188 граѓани, со катастрофална дисперзија, на пример во Скопскиот регион 503 лекари, додека во источниот регион 115 општи матични лекари.

Просечна возраст на матичните лекари во РМ е 57 години.

• Речиси и нема болница која не се соочува со недостаток на медицински кадар. На универзитетските клиники се работи со помалку офталмолози, уролози, ендокринолози, педијатри, a хроничен е алармантен е недостатокот и на анестезиолози.

За жал, она што во меѓувреме продолжи да се случува е следното:

• Повеќе од 90 колеги ја напуштија земјата од почетокот на годината, за 20% повеќе од истиот период лани.

• 24 часовните дежурства и понатака се неплатени!

• Државна просечна плата за млад општ лекар е 26.000 денари, колеги на специјализација со плата од 24.000 денари!

• Продолжија скандалозни конкурси за вработување под старите одредби, со дискреционо право на комисијатa да одлучи за вработување без оглед на ранг листа по квалификации

• Партиски вработувања се секојдневие и понатака.

• На колеги специјалисти им се прекинуваат веќе доделени специјализации по само 5 месеци од доделувањето.

• Приватните специјализанти со надоместок кој не вклучува социјални придонеси, имаме лекари без здравствено осигурување.

• Се уште важат лихварските обврзувачки договори за колегите специјализанти за ЈЗУ.

• Нередовна, нецелосна и селективна исплата на додатоци по колективен договор.

• Ниеден посериозен чекор кон подобрување на статусот на младиот матичен лекар, ниту унапредување на постоечките стимулативните мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Словенија Мицкоски се сретна со Орбан

Редакција

Етничката припадност во личните карти била дискутирана со грчкиот амбасадор, вели Заев

Редакција

Најмладото на 29-години: Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција