Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, за „Click Plus“ на ТВ21, изјави дека информацијата оти професорот Љубомир Фрчковски е кандидат за амбасадор во САД, ја објавиле медиумите, а не надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Љубомир Фрчкоски нов амбасадор на Македонија во САД
„Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци“, рече Османи.
Тој потенцираше дека се додека Министерството за надворешни работи не потврди одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест.
Порталот МКД.мк претходно повикувајќи се на свои дипломатски извори објави дека Фрчкоски, за кого неодамна беше објавено дека ќе биде новиот македонски амбасадор во Вашингтон, од САД не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција.
Фото: Телма