еМагазин
Image default
Бизнис

Фруктал Мак лани со зголемена добивка

Фабриката Фруктал Мак АД Скопје за период од јануари-декември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

“Оперативните вкупни приходи изнесуваат 467.025 илјади денани. Во споредба со  остварените вкупни приходи од минатата година 384.452 за истиот период се бележи зголемување.

Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 467,934 илјади денари и бележат зголемување.

Финансиските приходи изнесуваат 909 илјади денари и се со раст во однос на минатата година.

Оперативните расходи за период од 01.01-31.12.2021 година изнесуваат 435,116 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата годинам 364.163.

Финансиските расходи изнесуваат 2.049 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.

Остварената нето добивка за периодот 01.01-31.12.2021 година изнесува 24.048 илјади наспроти остварената нето добивка од 18.596 илјади денари истиот период претходната година“, велат од фабриката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фруктал Мак во првите девет месеци со зголемена добивка

„Фруктал МАК“ лани оствари добивка од 18,5 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Производството на зеленчук зголемено за 84%

Редакција

Сојузот на стопански комори бара полесен пристап до финансии за компаниите

Редакција

Корона вирусот го „дотепа“ туризмот: Намалување од 67,3% на бројот на туристи во март

Редакција