еМагазин
Image default
Спорт

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ од Штип ќе се приватизира

Дваесет и тројцата советници на денешната седница на Советот на Општина Штип донесоа едногласна одлука 51 отсто од акциите на клубот да се продадат.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во своето обраќање пред советниците истакна дека начинот на продажба е согласно Законот за хартии од вредност. Акциите на клубот ќе се продаваат по номинална вредност од 100 евра.

Следниот чекор на Општина Штип е распишување јавен повик за заинтересираните купувачи, кои треба да ги образложат и своите намери за развој на ФК „Брегалница“-Штип, што постои 98 години.

-Сите посилни клубови во земјава и надвор имаат приватни спонзори. Така е тоа и кај нас, погледнете ги Вардар, Шкендија, Борец, Беласица. Мислам дека ја донесовме вистинската одлука и ви благодарам на сите советници и политички чинители што придонесовте за тоа, рече Бочварски.

Новиот спонозор или спонзори ќе имаат доминатно учество во фудбалскиот клуб во наредните десет години. Бочварски истакна дека доколку некој од сопствениците во меѓувреме се одлучи на продажба на својот дел од сооственоста, должен е клубот прво да го понуди на другиот косопственик. Услов е и клубот да си го задржи името „Брегалница“, што егзистира речиси еден век.

Штипскиот градоначалник во своето обраќање пред советниците се заблагодари на поддршката од сите политички партии кои се дел од Советот на Општина Штип и смета дека на ФК „Брегалница“ и е потребна нова енергија и вложувања.

За една полусезона во овој клуб од буџетот на општината се потрошени од 180.000 до 200.000 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонци инволвирани во наместени фудбалски натпревари во Белгија

Редакција

Пет бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат во Сараево

Редакција

Историски успех: Македонија за првпат оди во бараж за Светско првенство во фудбал

Редакција