еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола.

Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена.

Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија.

Олга Панго, која е кореограф и режисер на претставата, со асистентите Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, овозможија неверојатна балетска магија.

Моќната музика за балетот е компонирана од Калиопи Букле.

За атрактивноста на оваа балетска приказна зборуваат и позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба, која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, и особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

4 лица хоспитализирани, 3 со претходни заболувања, детали за новозаболените со коронавирусот

Редакција

Следната недела ќе се знае од каде Македонија ќе набавува струја

Редакција

Македонците го „окупираа“ Солун

Редакција