Брендот Адора и официјално го претстави првиот градежен проект кој го реализира во Србија, новиот хотелско-резиденцијален комплекс „21st Century Residence, Spa & Wellness by Adora”, кој градежната компанија го гради во срцето на Златибор.
Објаснувајќи го концептот на zlatibor.rs и на социјалните медиуми, откривајќи ги сите детали, Адора уште еднаш потврди дека во Македонија и во ова кризно, пандемиско време, има компании кои знаат, умеат и можат да се докажат надвор од земјата и да ја афирмираат нашата бизнис заедница и држава на интернационалниот пазар.
„Особено сме горди и ни претставува задоволство што нашето долгогодишно искуство во градежништвото и умешноста во креирање квалитетни недвижнини се потврди како успешно и на интернационалниот пазар, и тоа токму во Србија, каде што во моментов, во областа на недвижностите конкуренцијата е енормно голема и присутни се низа инвеститори коишто се докажани real estate developers на глобално ниво.
Проектната задача е јасна. Да го искористиме целото стекнато знаење низ нашето 20 годишно работење и повторно да понудиме нешто пионерско. Создадовме паметен начин на инвестирање во елитни недвижности.
Купувачите ги добиваат своите станови целосно опремени, со внимателно дизајниран мебел и покуќнина до најситните детали. Подоцна, преку нашата Adora Hospitality Group ние ги издаваме во име на сопствениците и комплетно ќе се грижиме за становите и за целиот комплекс.
На овој начин, сопствениците добиваат стабилен пасивен приход и до 8 % годишно, без никаква инволвираност од нивна страна.
Главната предност на овој модел е што во било кој момент, сопствениците можат да ги користат своите недвижности во времетраење според нивна желба и притоа да ги уживаат сите премиум содржини коишто ќе ги нуди нашиот комплекс, базен, фитнес, спа и велнес, ресторан, in room dining, уреден двор со детски парк, чистење на апартманите и друго”, изјави Душко Чифлиганец, одговорен за бизнисот во Србија, заменик претседател и втора генерација сопственик на Адора Бизнис Групацијата.
Чифлиганец додава дека е пријатно изненаден од големиот интерес и од силниот старт на продажбата на комплексот „21st Century Zlatibor by Adora”, а посебно од топлината со која српскиот народ и српската бизнис зедница ја прифати Адора на српскиот пазар на недвижности.
Чифлиганец потенцира дека според официјалните анализи Златибор е едно од ретките места на Балканот кадешто продажбата на недвижности е зголемена од почетокот на корона пандемијата.
Златибор во третиот и четвртиот квартал од 2020-та година има постигнато повисока просечна продажна цена на недвижностите споредено со Белград.
За рејтингот на Златибор зборува официјалниот податок дека тоа е најпосетено место во Србија, кое важи за едно од најатрактивните парчиња земја на Балканот, како природна воздушна бања сместена меѓу три планини, со најголем број сончеви денови на поранешните Ју-простори.
Комплексот „21st Century Zlatibor by Adora“, инвестиција вредна 15 милиони евра во двете насоки, се планира да биде пуштен во употреба на почетокот од 2022-ра година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО: Адора инженеринг скриено најавува голем проект на Златибор