еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

еМагазин во серијал приватно Ви ги преставува тројцата кандидати за претседател на државата.

Блерим Река приватно

Македонската јавност, знае многу малку за неговиот приватен живот.

Блерим Река е скопјанец, а од Тетово му е фамилијарното потекло, каде е роден татко му професорот Хамза Река, еден од првите албански учители во Македонија, стои во неговата официјална биографија објавена на Фејсбук.

Хамза Река беше и еден од основачите на Албанолошкиот смер на Педагошката академија при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, генерален директор на Театарот на народностите во Скопје, учесник на Конгресот на правописот на албанскиот јазик во Тирана 1972 година, како и автор на неколку учебници за граматиката на албанскиот јазик.

Мајка му Најзмије Кастрати Река, е од Гњилане, внука на Јакуп Карачева, еден од асамблеситите на националната асамблеа.

Таа во својата 16 година ја завршува оделенската настава и како учителка почнува да просветува по школите во: Прешево, Бујановац, Медвеѓе, Куманово, Рашче, и во Скопје. Беше авторка на неколку книги за деца, кои што ги поклони на повеќе библиотеки на основните и средните училишта.

„Мајка ми беше пример за храбра жена. На само 16 години, се одлучила да ги следи своите соништа, и така станала една од првите наставници во Прешево, Медџево, Бујановац, во Куманово, Рашче, Скопје. Оттогаш, таа беше посветена на едукација и еманципација на младите девојки, мотивирана од довербата во правдата и еднакви можности, таа се бореше и надвор од својата професија за да им помогне на сите тие девојки силно да се движат напред“, вели Река.

Инаку, тој е брат на покојната Дрита Река Гермизај, една од првите телевизиски модераторки на албански јазик во 70-90 години од минатиот век, работејќи во Телевизија Приштина и брат на Шкенидје Река Ѓакова, албанолог.

Блерим Река е роден на 22 мај 1960.

Женет е, татко на три деца, еден син и две ќерки и дедо на две внуки и два внучиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко

(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога

Фото: Фејсбук/Река

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јовески: Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци во СЈО

Редакција

Каков имот пријавил поранешниот обвинител на СЈО, Стевчо Донев, кој ќе го застапува предметот „Триста„

Редакција

(Галерија) Брендот ТиноСки веќе можете да го најдете во нов арт простор во Дебар Маало

Редакција