еМагазин во Сиде, во соработка со Фибула травел
Хотелите во Сиде се најпродавани во Фибула травел, бидејќи нудат се што му е потребно на едно македонско семејство со просечни примања. За хотелите кои се во ексклузивитет на Фибула, гостите добиваат и поволни цени, посебно доколку се направи ран букинг.
Хотелите овде се поевтини за разлика од Белек, Кемер и Анталија, а врз цената влијае тоа што некои од нив не излегуваат на море, туку се оддалечени 500-600 метри. Но, тоа не претставува никаков проблем, бидејќи има чести автобуси кои вршат превоз од хотелот до плажа.
Врз цената исто така влијаат и други финеси, како на пример дали се служат само турски пијалоци или нудат и интернационални брендови.
Секој од хотелите си има своја топлина и е среден некако домаќински. Кога ќе влезете, имате чувство дека одите на гости кај газдите дома. Најголем дел се во сопственост на семејства и станува збор за фамилијарни бизниси, па оттука и грижата за услугата и понудата да бидат во најдобар ред.
Она што вреди да се истакне е дека плажата во должина од 15 километри е песочна и плитка, и тоа ја прави атрактивна за семејства со мали деца. Во должината на оваа плажа се сконцентрирани и голем број хотели, чии што плажи всушност излегуваат на овој песочен брег на Средоземното море. Но, ова се однесува само за плажите пред Сиде, а после градот, плажите се каменести и многу подлабоки.
Сиде е убав и шармантен град, со интересни каменести градби кои се претворени во продавници и ресторани. Тука се наоѓаат и ископини од античкиот град, што го прави уште поатрактивен за посета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин во Кемер, Турција: Топ хотели за сечиј вкус и џеб
(Галерија) Постојат хотели во Белек и постои Land of Legends
(Галерија) Хотелите во Лара, Анталија „вриштат“ од луксуз и ги задоволуваат и најприбирливите гости
Фото: еМагазин.мк