еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Галерија) Кои се добитници на наградата – Мажи на годината 2021

Сашко Јовев е Маж на годината за 2021 година, на официјалниот избор на Мажи на годината за 2021 година во организација на Џентлмен Магазин.

На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни мажи во Македонија за 2021 година.

На четвртиот официјален избор се избираат мажите на годината за 2021 во 13 категории.

Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Сашко Јовев, за Маж странец во Македонија наградата ја доби Дејвид Гир, амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје.

Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски.

За Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски, за Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.

Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатиот македонски музички новинар и водител, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, господинот Драган Б. Костиќ, се заќити со наградата Маж со трајни вредности.

Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче,  менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.

„Оваа вечер во DoubleTree by Hilton Skopje на една прекрасна гала манифестација,  ги славевме  успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата.

Овој настан не прави многу сме среќни бидејќи успеавме успеавме да направиме настан кој четврта година буди огромен интерес во јавноста. На едно место собрани убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и генерално во заедницата е нешто кое не се опишува со зборови.

Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати.

Изборот на Мажи на годината стана релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно“, изјавија организаторите од Џентлмен Магазин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана вработува 125 професионални војници, плата до 24.000 денари

Редакција

А1 Македонија започнува финално тестирање на 5G мрежа

Редакција

И вечерва кино на отворено во Градскиот парк, ќе се прикажува „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски

Редакција