еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Мукоски и Канческа-Милевска го пречекаа Ципрас, тој им честиташе за храброста

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, денеска оствари средба со премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас.

„На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат, туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.

Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ е против менување на државниот грб

Редакција

Борисов: Негативен сум на Ковид-19, ќе се сретнам со Заев

Редакција

Имам само спорадични случаи на обиди за асимилација на Македонците во Албанија од страна на Бугарија, вели албанската министерка Џачка

Редакција