еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(ГАЛЕРИЈА) Отворен уникатниот „Лимак Скопје Хотел“ со пет ѕвездички во центарот на Скопје

Од денеска во центарот на главниот град под слоганот „Круната на Скопје“ почна со работа ексклузивниот хотел со пет ѕвездички Лимак Скопје Хотел. Хотелот е дел од големата мултифункционална градежна инвестиција на турската компанија Лимак Холдинг со вкупна вредност од 250 милиони евра. Лимак Скопје Хотел има капацитет од 285 легла во вкупно 142 соби, од кои 21 апартмани, вклучително и претседателски од 163 квадратни метри.

Четири од апартманите се специјално дизајнирани и изработени за непречен престој на лица со посебни потреби.

„Сите во Лимак Холдинг сме горди што и во сложените услови што ги наметна корона- кризата го отвораме овој прекрасен хотел за гостите на Скопје, но истовремено и на тоа што на главниот град, на неговите жители и на туристичката понуда им нудиме ексклузивни вредности, со кои, веруваме, може да се гордеат. Нетрпеливи сме на нашите гости и клиенти да им ги докажеме гостопримството и професионалноста на тимот на хотелот, кој е посветен на исполнување на сите нивни очекувања од еден ексклузивен хотел, каков што е Лимак Скопје Хотел“, изјави Ѓокан Рамазаноглу, генерален директор на хотелот и додаде дека „огромното, повеќедецениско искуство на Лимак Туризам, компанија која е дел од холдингот, со своите 9 туристички ресорти, гарантира врвно искуство во секоја од бројните содржини на хотелот во Скопје“.

На секој чекор во Лимак Скопје Хотел впечатлива e посветеноста на деталите при изработката и при изборот на материјали. Така, во уникатната турска бања се користени специјални природни мермери – Кемал паша бел мермер и екватор мермер од Мармарис, додека во целиот хотел е вграден исклучиво италијански и турски мермер.

Покрај амамот, во рамки на хотелот е и еден од најголемите и најмодерните спа-центри во земјава, Шива, сопствен бренд на хотелите на Групацијата Лимак Туризам.

Хотелот поседува вкупно 11 сали за состаноци и настани од 21 до 340 квадратни метри и со модуларен капацитет од 8 до 600 лица со врвни технолошки карактеристики. Покрај ресторанот со атрактивна отворена кујна, на петтиот кат на хотелот е поместен ексклузивен Sky bar и тераса со прекрасна глетка на Водно.

Целиот хотел е во знакот на зеленилото и растенијата, грижливо поставени така што дополнително го збогатуваат комодитетот и ексклузивноста на просторот. Фасадата на хотелот е изработена исклучиво од природни материјали, без користење на композити и пластика, а целиот објект има А+ ниво на енергетска ефикасност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

234 нови случаи на Ковид-19 од 1.318 тестови, 31 се реинфекции

Редакција

За плати, надоместоци и други лични примиња во М-НАВ потрошени фантастични 635,3 милиони денари

Редакција

Стејт департмент: Скопје и Софија да продолжат со дијалогот за решавање на разликите

Редакција