Претседателот Стево Пендаровски во рамки на официјалната посета на Грција денеска го посети музејот Бенаки.
При посетата на музејот Бенаки претседателот Пендаровски ја разгледа архивата на еден од најзначајните грчки и светски архитекти Константинос Доксијадис.
„Доксијадис учествувал во креирањето на основниот урбанистички план за реконструкција на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во музејот, претседателот Пендаровски имаше можност да види и стари фотографии од разурнатото Скопје кои Доксијадис ги направил во градот.
Исто така, во музејот изложена е и благодарницата којашто градот Скопје му ја дал на Константинос Доксијадис за неговиот придонес во реновирањето на градот,“ се вели во соопштението
Со ова завршува официјалната посета на претседателот Стево Пендаровски на Хеленската Република, којашто е прва посета на земјата на претседателско ниво од независноста на Македонија досега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И на Пендаровски во Атина му кажаа дека за таблите со нашето старо име надлежни биле грчките општини
Фото: Кабинет на претседателот