За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, Скопско на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“, информираат од компанијата.
Како горд подржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, Скопско ја продолжи успешната фудбалска приказна со специјално дизајнирани лименки за репрезентативците кои го содржат нивниот потпис и број на дрес, велат од компанијата.
„Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица како што е овој историски успех на македонската репрезетација. Со специјалната едиција на лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце.
Ви благодариме што нѐ направивте горди!“ изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.
Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство, со што ќе добиеме можност уште посилно да наздравуваме и да ги бодриме нашите момци. Заедно и сѐ е можно!, велат од компанијата.