Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија вчера и завчера беше во фокусот на светската јавност, а македонската делегација ја предводеше премиерот Димитар Ковачевски.
Тој таму имаше неколку официјални, неформални и кратки средби со лидерите на членките на НАТО, меѓу кои и претседателот на САД, Џо Бајден, државниот секретар на САД, Антони Блинкен, претседателот на Франција, Емануел Макрон, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, премиерот на Обединетото кралство, Риши Сунак, премиерот на Словенија, Роберт Голуб, на Бугарија, Николај Денков, на Грција, Киријакос Мицотакис, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Ковачевски со сопругата на свечена вечера во Вилнус се дружеше со Зеленски, Макрон, Блинкен…
Ковачевски со сопругата на самитот на НАТО во Вилнус: Кој се друг е во владината делегација
Фото: Влада