На 18.12.2018 година, во училиштето НОВА, беше одржана презентација на проектот „Улогата на чистиот воздух во секојдневието“ – заедничка иницијатива на компанијата „Екотип“ и на меѓународното училиште НОВА, спроведена во интерес на младата популација која го посетува ова училиште.
Целта на оваа иницијатива, која е од информативен карактер, е да се едуцираат учениците за глобалните проблеми со загадувањето на воздухот и водата, мерките што треба да се преземат за спречување на истите, како да се справат со ова и да си овозможат консумирање квалитетна вода за пиење и чист воздух.
Meнаџерот на меѓународното училиште НОВА, Иван Новаковски, имаше обраќање кон учениците за важноста на чистиот квалитетен воздух и консумирањето чиста вода. Oвие 2 фактора се едни од најзначајните за елементарните потреби на еден човек и нивниот квалитет е од голема важност за здравјето на телото и духот во секојдневното живеење.
За таа цел, училиштето НОВА ја спроведе програмата „NOVA Clean Environment Policy and AQI Guidelines“ и во сите простории на училиштето постави уреди за прочистување воздух според светски стандарди, истовремено има направено комуникациски систем кој постојано дава информации за статусот на квалитетот на воздухот во просториите и надвор.
НОВА користи три типа прочистувачи од реномираниот шведски бренд „Blueair – Blueair 411“ во канцеларии и помали училници, „Blueair 221“ во поголеми простории и училниции, „Blueair XL“ во аудиториумот и јавни простории.
Покрај оваа иницијатива, во интерес на учениците заради подобар квалитет на секојдневниот живот, училиштето постави нов уред за филтрирање на водата за пиење со кој се овозможува квалитетна вода за пиење на сите ученици во секое време.
Следен чекор ќе биде обезбедување стаклени шишиња RETAP, кои го задржуваат квалитетот на водата, со што ќе се намали пластичниот отпад.
Стручните лица од компанијата „Екотип“ ни ја објаснија функцијата на своите уреди и придобивките од користењето прочистувачи за воздух и филтри за вода.
Инцијативата на овие две институции е пример и поттик за сите нас за преземање мерки за зачувување на животната средина и поквалитетен начин на живот.