Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова преку својот Твитер профил јавно ја повика поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска јавно да се изнесе дали ќе гласа за уставните измени
„Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку и’ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години!“, напиша таа на Твитер.
Канческа-Милевска вчера на расправата за уставните измени во Собранието рече дека има непочитување на претседателот, законските одредби од Уставот и Деловникот на Собранието при склучувањето на договорот со Грција.
„Ако се одеше според закон и ние како пратеници ќе знаевме што содржи договорот. Вие ја ограничивте и можноста да дебатираме преку ставањето на договорот на Комисијата за европски прашања. Тоа доведе сега пратениците да треба да одлучуваат, а и самиот референдум докажа дека е погрешно воден процесот“, рече Каческа Милевска, нагласувајќи дека факт e оти референдумот бил неуспешен и колку да се обидуваме, додаде, не можеме да ги промениме бројките кои се фиксни и се знаат.
„Сите сме согласни за ЕУ и НАТО, но не можете да организирате референдум и да прифатите промена на Уставот без да обезбедите национален консензус“, рече Канческа-Милевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов излегува од куќен притвор
Пратеникот Василевски не одговара дали ќе гласа за уставните измени, Аранудов немал размислувано
Ќе може да присуствува на седници: Укинат домашниот притвор на пратеникот Василевски
Фото: Фејсбук/Канческа-Милевска