еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Амнестија во живо

Додека т.н. експерти по медиумите бистраат што сакал да каже премиерот Зоран Заев со повикот за помирување и простување за насилството во Собрание од 27. април, а на социјалните мрежи се водат жолчни дебати и препукувања за истото, во живо гледаме што можеби сакал да каже.

Вчера од домашен притвор беа пуштени двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за настаните од 27. април. Во ист ден. Во ден кога уште е очигледно дека тешко ќе се постигне посакуваната бројка од 80 пратеници за да се изгласат уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција.

Истите тие пратеници, сега ќе можат да присуствуваат на пленарни седници во Собрание и да гласат ако сакаат. Едниот не сакаше да одговори дали ќе гласа, другиот рече дека не размислувал досега.

Колкава е веројатноста баш сега да бидат пуштени од домашен притвор, иако поднеле барање уште во јули, како што посочија тие, проценете сами.

Проценете сами и дали во Македонија функционира правото и дали некогаш воопшто функционирало.

А таман добивме трошка надеж дека ќе не биде. И таа ја изгубивме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ганка Цветанова ја повика Канческа Милевска јавно да се изнесе дали ќе гласа за уставните измени

И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов излегува од куќен притвор

Пратеникот Василевски не одговара дали ќе гласа за уставните измени, Аранудов немал размислувано

Ќе може да присуствува на седници: Укинат домашниот притвор на пратеникот Василевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно

Редакција

Почина актерката Катерина Крстева, популарната Мара Попара

Редакција

Афера „Фејсбук документи“: Фејсбук им дозволувал на политичари да ги прекршат правилата за објавување содржини

Редакција