еМагазин
Image default
Локално

Гледајте ги вечерва на Плоштад, затемнувањето на Месечината и Марс најблиску до Земјата

Денеска ќе биде многу интересен ден за набљудување на ноќното небо. Во тек на истата вечер, ќе имаме можност да набљудуваме два исклучително ретки астрономски настани: целосно затемнување на Месечината, и опозиција на Марс – Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо, велат Скопско астрономско друштво на фејсбук-настанот за „Ретка глетка: Целосно затемнување на Месечината и најсјаен Марс“.

„Дојдете со нас на Плоштад Македонија во петок (27.07.2018), за заедно да уживаме во овој единствен настан. Се собираме нешто пред 20:30 часот, ги местиме телескопите и се подготвуваме за целовечерно уживање во неповторливото астрономско случување. Сè што ќе ни биде потребно за да си поминеме убаво, е ведро небо“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Кочани: Маж починал по повреда на работното место

Редакција

Слаба посетеност на Охрид за празникот

Редакција

(Фото) МВР откри пет пушки и украдено возило при претрес во прилепско

Редакција