Глоба во износ од 20 евра ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако не носи лична заштита на јавни места од отворен и затворен тип, предвидува новата Уредба на Владата која веќе е објавена во Службен весник.
„Под лична заштита на лицето се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично)“, пишува во Уредбата
Глоба во износ од 2.000 евра ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако не обезбеди носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и ако не забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител, а кое нема да носи лична заштитна опрема.
Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од уредбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде се од утре ќе треба да носиме маски
Влада: Без маска, шал или марама веќе нема влез во банка
Вицепремиерот Османи и министерот Адеми негативни на коронавирусот
Убава вест: Излекувани 29 пациенти од корона вирусот