еМагазин
Image default
Локално

Го киднапирале откако излегол од кафана, па го пуштиле

Дваесет и осумгодишник од тетовското село Џепчиште во СВР Тетово пријавил дека под закана со оружје насилно бил внесен во возило, а за неколку минути подоцна бил пуштен. Настанот се случил вчера околу 20 часот кога излегол од угостителски објект во селото.

„Откако насилно бил внесен во „голф 7“ со скопски регистерски ознаки во кое се наоѓал 42-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица и уште неколку други лица, возилото се упатило кон населбата Дреновец во Тетово. Набрзо потоа 28-годишникот бил симнат од возилото. Нешто подоцна, Ј.А. самиот се пријавил во полициската станица Тетово“, информира СВР Тетово.

Приведениот е задржан, а СВР Тетово најавува соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Двегодишно дете се удави во канал за наводнување во атар на село Долно Чичево

Редакција

МВР со детали за пожарот во Основниот суд во Струмица

Редакција

(Видео) Силно невреме во Кавадарци: Поплавени улици, подруми, пропаднато возило

Редакција