На 31 јануари во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот Битола, како и полициски службеници од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение – Велушина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 300 и член 301 став2 од Кривичниот законик на Република Македонија , во село Бистрица , битолско, го лишиле од слобода Г.П.(44) од село Бистрица, информира МВР.
Тој, на 29 јануари на улица ,,Васко Карангелевски“ во Битола со возило удрил во пешакот С.В.(56) од Битола, по што побегнал од местото. Наредниот ден, 30 јануари, во Клиничката болница Битола С.В. им подлегнал на повредите. По целосно документирање на случајот, против Г.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.