еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голема летна WOW распродажба во Веро центар

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе се случува од 7 до 11 август во Веро центар во Скопје. Потрошувачите ќе може да најдат голем избор на производи во речиси сите продавници меѓу кои и „ДМ“, „Васидора“, „Би воч“, „КРШ бебе“, „Дуки Дасо“, „Спорт М“, „Еликсир“, „Анхоч“, „Спорт риалити“, „Ивама“, „Гудис“, „Сара фешн“ итн. 

WOW распродажбата се организира трет пат, а менаџерскиот тим на компанијата „Веропулос“ посочува дека во план е настанот да прерасне во традиционален.

 – Во летниот период вообичаено се намалува интензитетот на активности, но ние одлучивме да излеземе од тој шаблон и да организираме настан кој е наменет токму за луѓето кои топлите денови ги минуваат во Скопје. Ќе бидат вклучени речиси сите продавници во Веро центар и нашата цел е да понудиме соодветен и богат избор за целото семејство.

Како и досега, фокусот е потрошувачите да имаат незаменливо, комфорно искуство и токму тоа беше мотивот за организација на распродажбата – посочува Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.

Големата WOW распродажба е главниот настан во Веро центар за ова лето, но во подготовка се уште многу други активности за кои потрошувачите наскоро ќе бидат информирани.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да зборуваме отворено за женското здравје и менструалниот циклус!

Редакција

Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк

Редакција

Кристина Форстер на предавање во Скопје ќе открие која е иднината на контент маркетингот

Редакција