Горан Мисовски е единствениот кандидат за нов претседател на НСДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горан Мисовски e единствен кандидат за нов претседател на НСДП
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал пратеник.
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил стан од 120 метри квадратни во Скопје, кој го добил како подарок, проценет на 8 милиони денари.
На име на сопругата пријавил куќи од наследство во Скопје и Маврово, лозје во Куманово, овошна градина и шума во Гостивар, како и стан стекнат со договор за купопродажба во скопска Кисела Вода од 59 метри квадратни.
Вози Киа Спортаж, а возило БМВ пријавил и на име на децата.
На свое име пријавил и кредит кој треба да го врати годинава, во висина од 650 илјади денари, а на име на сопругата кредит од 2,7 милиони денари, кој треба да го врати до 2034 година.
Фото: Фејсбук/Мисовски