еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се прави сериозен план за олеснување на мерките по 1 мај, вели Спасовски

Премиерот Оливер Спасовски информира дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.

Според него, бројот на заразени е она што беше и очекувано за во овој период.

– Ни беше битно да создадеме услови за работење на здравствените работници. Сметавме дека мерките за физичко дистанцирање даваат резултати, затоа и имаше одлуки за неработење на училиштата, градинките, многу компании не работеа, вклучително и оние во угостителството, туризмот. Тоа беше неопходно.

Сите ќе поднесеме дел од товарот од оваа криза. Ова не е време за каков било профит, сите треба да бидеме насочени кон успешно справување со оваа состојба, порача премиерот Спасовски.

Во однос на прашањето за затворањето на региони во државата за празниците, Спасовски со став дека носењето на одлуката за продолжен полициски час до вторник, сабајле ги дава ефектите.

Врз основа на информациите што ги добива од МВР, во државата нема енормно зголемување на луѓе што се движат или што се во некакви групи на излетнички места, односно многу мал дел заминале во своите домови од каде доаѓаат во Скопје.

За Спасовски државниот карантин е една од подобрите владини мерки затоа што ризикот се сведува на минимум. Државата направи максимални напори преку МНР да се обезбеди да се вратат државјаните на Северна Македонија кои останале од кои било причини во некои од европските земји. Повеќе од 2.800 лица, потсети, се сместени во државните карантини.

Сето она што беа владини мерки и се однесуваа на територијата на државата, се третираат и на локално ниво посебно во оние средини каде што, вели, имаме значителен број на инфицирани лица или создавање на услови за пренос на коронавирусот.

– Ситуацијата е сложена во повеќе градови, меѓу тие градови е и Општина Куманово заради тоа што имаме зголемен број луѓе инфицирани и тоа само говори за фактот дека и посветеноста на Владата во овој дел е насочена многу на справување со целата оваа состојба.

Од една страна да го одржиме стабилен здравствениот систем и од друга страна максимално да им се помогне на граѓаните преку препораките што ги носиме и преку нивно почитување, рече Спасовски.

Спасовски смета дека има намалување на тенденцијата на заразени секаде, но треба, истакна, фокусот на вниманието да биде каде тоа повеќе има услови за ширење.

– Сериозен предизвик во наредниот период ќе бидат институциите во Куманово, заради тоа што трансмисијата на ширењето на болеста е и во институциите. Стриктно почитување на сите мерки и препораки што ги дава или носи Владата само преку таа физичка и социјална дистанца, имаме најдобри резултати секаде каде што ќе погледате компаративно, посочи меѓу другото Спасовски.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација

Убава вест: Излекувани уште 25 лица заразени со коронавирусот

Вкупно 1.170: Нови 53 лица заразени со коронавирусот, најмногу во Скопје

Коронавирусот не се пренесува преку амбалажа од храната

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ едвај се усогласи: Израел има право да се брани, ама во согласност со хуманитарните и меѓународните закони

Редакција

Најмалку 57 загинати во железничката несреќа во Грција, досега за исчезнати се водат 56 патници

Редакција

Македонските и бугарските историчари во Софија размениле предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара во март

Редакција