еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат до денар и половина

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,58 проценти, информираат од Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар за литар, и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 70,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61 денар за литар.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“, се намалува за еден денар и половина денар, и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 72 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на дизелот изнесува 61,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

650 илјади евра од продажба на одземен имот префрлени во државниот буџет

Редакција

Швајцарската авиокомпанија „Еделвајс“ најави летови Цирих-Охрид од април годинава

Редакција

Бензините поскапи за 1,5 денари по литар, дизелот за два

Редакција