Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
„Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а „eуросупер БС-98“ за 71,50 денари за литар. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ ќе изнесува 61,5 денари за литар, додека на екстра-лесното масло за домаќинство 51 денари за литар.
Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.