еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од половина до еден денар

Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар по литар и ќе изнесуваат 63,5, односно 53 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за еден денар по литар и ќе чинат 61,5 и 53,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 26,585 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во последните седум дена кај бензинот во просек за околу 3,81 отсто и кај дизелот за околу 3,84 отсто, како и за 0,507 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгољуб Арсовски купи 500 акции во ТТК Банка

Редакција

Драстичен раст на добивката на Витаминка

Редакција

Општината треба да му исплати повеќе од осум милиони евра на Етеми, ако се откаже изградбата на зградата кај Мајчин дом

Редакција