еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од ноќеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 проценти, информираат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на „еуродизел“ (Д-Е V) се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар.

Од ноќеска, бензинот „еуросупер БС-95“ ќе може да се купи по цена од 72 денари за литар, додека „еуросупер БС-98“ ќе чини 74 денари за литар.

Дизелот на бензинските станици ќе се продава за 63,50 денари за литар, а екстра лесното масло ќе чини 63 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жито Лукс“ лани во загуба од 9,8 милиони денари

Редакција

Поскапува мазутот, цената на бензините останува непроменета

Редакција

Годинава се очекува раст од 4,1 и инфлација од 2,1 отсто, велат од Министерството за финансии

Редакција