еМагазин
Image default
Локално

Гостиварчанец осомничен за обљуба на 17-годишна девојка

Триесет и едногодишен гостиварчанец е лишен од слобода откако бил пријавен дека извршил обљуба на малолетна девојка. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Според информацијата од СВР Тетово, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ноќва во 00:45 часот го лишиле од слобода И.Б. (31) од Гостивар.

Тој се сомничи дека во дворот на семејната куќа извршил обљуба врз 17-годишна малолетничка од Скопје, која имала привремено живеалиште во Гостивар.

И.Б е задржан во полициска станица Гостивар, а по целосното документирање на случајот против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странски турист се удави попладнево во Охридско Езеро

Редакција

Во тетовска Шипковица животите ги загубија двајца градежни работници

Редакција

Опожарена куќа во населба Драчево: Пожарникарите до зори се бореле со оганот

Редакција