еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните кои се регистрирани на vakcinacija.mk, по два месеци добија одговори за следните чекори за вакцини

Лицата кои се пријавија на страницата vakcinacija.mk за да се вакцинираат, добија повратни одговори од Министерство за здравство во врска со следните чекори за овој процес.

Овие лица кои веќе два месеци се регистрирани во системот, до сега немаа никаков одговор за (не)успешноста на регистририрањето.

„Доколку Вашата одлука за вакцинација е променета, односно ако сакате да се откажете од вакцинирање, Ве молиме да кликнете на следниот линк: vakcinacija.mk.

Доколку Вашата пријава останува, ќе добиете покана за вакцинација (на смс, е-маил) согласно Националниот план за вакцинација и динамиката на дистрибуција на вакцините.

За повторно пријавување за вакцинација потребно е да пополните нова апликација на страницата vakcinacija.mk,“ се вели во меилот.

Пожелно е, доколку сте од оние кои веќе се вакцинираа во Србија, да го откажете терминот за да ослободите во интерес на друг граѓанин.

До сега, околу 140.000 граѓани се пријавени за вакцини преку vakcinacija.mk.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во скринингот за Ковид-19 опфатени 364 основни и 109 средни училишта

Редакција

Германија легализираше марихуана за лична употреба

Редакција

Алкалоид со дополнително вложување во Словенија

Редакција