Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk.
„Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст, кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk.
Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација,“ информираше тој на неговиот Фејсбук-профил.
Филипче додаде дека имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, а најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.