Во полициската станица во Охрид, од болницата „Св. Еразмо“, вчера било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид, кој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин, Охрид.
Поради сериозноста на повредите, од МВР информираат дека П.М. бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.