еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Градоначалникот на Гази Баба бара полицајци во автобусите: Во континуитет се случуваат инциденти во кои се повредени ученици

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека утринава преземал низа чекори во надминување на состојбата со инцидентите меѓу ученици, кои изминатиов период континуирано се случуваат во автобусите на ЈСП.

-Изминатите неколку денови во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП, кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци. Во инцидентите се повредени ученици, деца жители на тој дел од општина Гази Баба.

Како градоначалник, а воедно и претседател на Советот за превенција на општина Гази Баба, закажав седница на Советот за 19 септември (понеделник) на која се поканети претставници од месните заедници Сингелиќ и Стајковци, како и претставници од надлежни институции кои по функција се членови на Советот. На таа седница ќе предложам мерки и заклучоци за надминување на состојбата, напиша Стефковски на Фејсбук.

Тој известува дека денеска одржал средба со претставници на месната заедница Стајковци, на која ги информирал за преземените дејствија од негова страна, а со цел превенција од вакви случувања во следниот период.

-Утрово испратив допис до Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во кој побарав зголемено полициско присуство во критичниот период на полициски службеници во самите автобуси на ЈСП Скопје.

Јавно апелирам до младите но и нивните родители да се разговара и вакви случувања во иднина да не ни се повторуваат, пишува Стефковски.

Тој, воедно, апелира и до МВР да преземе соодветни мерки со цел расчистување на изминатите настани, и како што вели, најважно е превенција на слични вакви немили настани во иднина.

-Јас како градоначалник на општина Гази Баба ќе сторам сè што е во моја надлежност со цел превенција од вакви немили настани но и заштита на жителите на општина Гази Баба кои го користат јавниот превоз, напиша Стефковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој друг освен Пендаровски го осуди терорисистичкиот напад во Москва

Редакција

„Македонски Телеком“ оствари добивка од 23,2 милиони евра за девет месеци

Редакција

Девојка со посебни потреби “продавана“ од мајка и сестра и за секс

Редакција