еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Крива Паланка заразен со Ковид-19, општината затворена

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

Ова е трет случај на заразен со Ковид-19 во општината, поради што локалната самоуправа нема да работи до деветти септември.

-Почитувани пријатели, роднини и сограѓани,

Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на Ковид-19 од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен. За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.

Во исто време сите вработени од денес до деветти септември ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби, напиша Мицевски на Фејсбук, повикувајќи ги сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните.

Мицевски засега е во добра здравствена состојба, а има само благо покачена телесна температура.

Екипи на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк во општината.

Покрај ова, денес во Крива Паланка е регистриран уште еден заболен од Ковид-19, машко лице на возраст од околу четириесет години.

МИА/Фото: Фејсбук/Борјанчо Мицевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од акцијата на МВР за апсење на тројцата повратници од ИСИС

Редакција

Се намалува интересот за вакцинација: Ревакцинирани вкупно 636.193 граѓани

Редакција

Нови 528 случаи на Ковид-19 од 4.323 тестирања

Редакција