Имам негативен тест за Ковид-19 и нема потреба да бидам во изолација. Ова го нагласи градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев, откако еден фудбалер во росоманскиот фудбалски клуб, при скрининг беше откриен како позитивен на коронавирусот.
-Точно е дека имав средба деновиве со фудбалерите. Но, при средбата користев соодветна заштита и бев на предвидено растојание, според мерките за превенција од пандемијата. Се тестирав, за да ги отфрлам сите евентуални можни сомнежи. Од Центар за јавно здравје каде се пријавив, добив насоки дека нема потреба да бидам во самоизолација, рече Јанев за МИА.
Од фудбалскиот клуб „Росоман“ доцна синоќа информираа дека играчите и членовите на клубот треба да бидат во самоизолација наредните 14 дена.
МИА/Фото: Општина Росоман
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Триесет и двегодишен спортист од Кавадарци позитивен на коронавирусот