Градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски е позитивен на Ковид 19. Информацијата доцна синоќа ја сподели на социјалната мрежа фејсбук.
„Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје“, порача Јанкоски.
Во моментот во Вевчани активни се 25 случаи позитивни на коронавирусот. Дел од нив се третираат во дневната амбулатна во Здравствен дом Вевчани, а некои се на домашно лекување.
Директорот на установата Јован Стојковски информира дека на ниво на Здравствен дом Вевчани, односно во дневните амбуланти во Вевчани и во Лабуништа се третираат 30-тина пациенти.
МИА/Фото: Фејсбук/Јанкоски