еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Градот Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019 година

Град Скопје почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година, во согласност со одредбите за присилна наплата и обврските што произлегуваат од Законот за даноците на имот..

„Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје.

Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници,“ се вели во соопштението.

Од Град Скопје информираат дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите обврски.

Оттаму напоменуваат дека доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Проверете на колку рати ќе може да ги исплаќате застарениот долг и трошоците

Редакција

Доколку компаниите не ги вратат цените во нормала, ќе донесеме непопуларни мерки, најави Бектеши

Редакција

Угостителите незадоволни од препораките на Комисијата за работата на рестораните за претстојниот период на празници

Редакција