Според последните податоци, објавени вчера, бројот на заболени со коронавирусот во Македонија е 570.
„Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 276 машки и 294 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 26,6/100.000, додека кај женските 28,5/100.000.
Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 124 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 44,6/100.000“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно со 5. април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 50-59 години
(Мапа) Голем раст на кумулативната инциденца во Куманово, како изгледа состојбата низ Македонија
Како изгледа бројот на заболени со коронавирусот по градови