еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Гранит“ потпиша договори со ЈП за државни патишта вредни 10 милиони евра

ГД „Гранит“ АД потпиша нови договори со Јавното претпријатие за државни патишта за прокетирање и рехабилитација на три патни правци во вкупна вредност од 641 милиони денари или околу 10,4 милиони евра, информира компанијата преку Македонската берза.

Предмет на првиот договор е проектирање и рехабилитација на Лот 2: Jурумлери-Драчевo, Битола-Демир Хисар; Драчево-Орешани-Таор. Вредноста на договорот е 209.586.360 денари, а рокот на изведување е 8 месеци.

Предмет на вториот договор е проектирање и рехабилитација на Лот 3: Делчево-Звегор, Делчево-Пехчево; Берово-Виница. Вредноста на договорот е 204.311.718  денари, а рокот на изведување е 8 месеци.

Предмет на третиот договор е проектирање и рехабилитација на на Лот 4: Струмица-Ново Село Кавадарци-Росоман; Фурка-Богданци-Гевгелија. Вредноста на договорот е 228.024.140 денари, а рокот на изведување е 12 месеци.

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следна рунда разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржат во Турција, од 28 до 30 март

Редакција

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Редакција

И официјално: ДУИ не е за предвремени избори, бара да се прифати Преспанскиот договор

Редакција