еМагазин
Image default
Балкан

Грчката Влада одбива да го искористи Договорот од Преспа и да ги промовира стратешките односи со Северна Македонија, велат од СИРИЗА

Низа прашања меѓу кои и кога Грција ќе ги ратификува трите меморандуми со Северна Македонија, кога ќе ги промени таблите, дали постои план за промена на имињата на федерациите во соседната земја, но и кога ќе се одржи следниот совет на високо ниво, поставува одговорниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија во писмената изјава по посетата на Дендиас на Скопје, вели дека министерот за надворешни работи на Грција треба да даде јасни одговори „за да има  вистинска вредност било која посета на Северна Македонија или средби со нејзини функционери“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Локалните власти во Грција немале ентузијазам за менување на таблите со „Скопиа„, вели Османи

Грција е задволна од досегашната имплентација на Преспанскиот договор, порача од Скопје грчкиот министер Дендиас

-Кога ќе се имплементира договорот од јуни 2019 година за промена на учебниците во Северна Македонија, во однос на наводите за Александар Велики? Кој е планот за промена на имињата, особено на спортските федерации во соседната земја?

Кога ќе се одржат предвидените средби за трговските ознаки? Кога Грција ќе ги смени таблите за на нив да пишува Северна Македонија? Кога ќе се ратификуваат трите меморандуми? Кога ќе се одржи Советот за соработка на високо ниво за да постојат нови меморандуми и договори?, се прашањата кои Катургалос, отворено ги поставува преку неговата писмена изјава.

Вели дека грчката Влада, „веќе две години, заробена во своите внатрешно – партиски ќорсокаци, одбива да го искористи Договорот од Преспа и да ги промовира стратешките односи со Северна Македонија, оставајќи им простор на националистичките сили од двете земји и слободно поле за Турција“.

-Тажна и контрадикторна е сликата, министерот за надворешни работи да изразува загриженост за одбранбениот договор на повеќе нивоа Турција –  Северна Македонија, кога Владата две години не може да ратификува ниту еден технички воен договор, коментира Катругалос.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 6.000 здравствени работници во Грција на принуден неплатен одмор, оти не се вакцинирани

Редакција

Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт, порача претседателот Радев

Редакција

Ципрас поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА, нема да се кандидира за нов мандат

Редакција