еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција ги отвара границите за македонските граѓани од 15 јуни

Нашата земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција.

Како што е веќе познато, за влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор.

Од Министерството за туризам на Грција соопштуваат дека конкретната листа била направена откако бил проучен епидемиолошкиот профил на земјите од каде потекнуваат туристите, биле земени предвид вчерашните соопштенија од Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА), како и соодветната препорака од Комисијата за заразни болести од грчкото Министерство за здравство.

На листата од Министерството за туризам на Грција освен нашата се и следните земји: Албанија, Австралија, Австрија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Црна Гора, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореа, Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска.

За земјите кои што не се вклучени во листата, остануваат во сила актуелните правила, додека пак пред втората фаза на отворањето на грчкиот туризам на 1 јули, ќе биде објавена нова листа.

Од Министерството за туризам на Грција, соопштуваат дека „во секој случај, епидемиолошкото следење и оценувањето ќе бидат континуирани“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во Грција отворени кафулињата и угостителските објекти

Донесен здравствен протокол: Како ќе работат хотелите и туристичките објекти во Грција

Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Училиште во Турција ќе го носи името „Македонија“, а училниците ќе бидат именувани по македонски градови

Редакција

Фајненшл тајмс: Меркел и Маркон им порачаа на балканските лидери прво да се средат по дома, па потоа во ЕУ

Редакција

Нови 199 случаи на Ковид-19 од 1.846 тестирања

Редакција