еМагазин
Image default
Балкан

Грција ќе го промовира брендот „Македонија“ и „македонските“ производи низ светот

Да придонесе во промоција на брендот „Македонија“ е една од целите и задачите на шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, која денеска беше назаначена со одлука на претседателот на владата на Грција, Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната функција ја презема поранешната пратеничка од Нова демократија, Мариа Андониу.

-Целта е канцеларијата на премиерот во Солун да добие суштинска улога и содржина, не само за контактите со граѓаните и справување со проблемите на градот, туку и во соработка со заменикот министер за Македонија и Тракија и локалните власти да придонесе во развојот на регионот и промоција на брендот Македонија, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање дека кога претходникот на Мицотакис, Алексис Ципрас ја отвори канцеларијата на премиерот во Солун, Нова демократија сметаше дека е бескорисна канцеларија, министерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас, рече дека тогаш не постоеше „штетниот Договор од Преспа”.

-Многу работи се сменети од тогаш, а основното што е сменето е дека во меѓувреме дојде национално штетниот Договор од Преспа и како што знаете премиерот во неговата агенда ја стави заштитата на брендот Македонија и промоција на македонските производи секаде во светот.

Сметаше дека е соодветно да се задржи оваа институција, рече Пецас и објасни дека шефицата на кабинетот на премиерот во Солун, ќе биде канал на комуникација меѓу премиерот со заменикот министер задолжен за Македонија и Тракија, со префектот со градоначалникот и со локалните власти во поширокиот регион на северна Грција за, како што рече, „да го имаме посакуваниот резултат”.

Во однос на позицијата на Грција за проширувањето на ЕУ, европската перспектива на Северна Македонија и евентуалната позиција што Атина би ја заземала во октомври, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, Пецас рече дека „алтернативниот министер за надворешни работи Варвициотис, има дадено објаснувања за овие прашања и за позицијата во однос на проширувањето со земјите од регионот”.

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на 29 август ќе биде во Берлин, а на агендата, како што рече Пецас, во одговор на прашањето на МИА, ќе бидат сите билатерални и европски теми, рефроматорскиот план на Грција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карантинот за секој кој влегува од Македонија во Албанија е избрзана и погрешна одлука, смета македонскиот пратеник во албанскиот парламент Стерјовски

Редакција

(Видео) Ќе стане ли Ципрас првата голема политичка жртва на Преспанскиот договор?

Редакција

Србија со пари од ЕУ ќе гради брза железница кон Македонија и Турција

Редакција