еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција планира да се отвори за туристите на 14 мај и за вакцинирани и за невакцинирани

Под слоганот „All you want is Greece“, под здравствени протоколи, со вакцинација, негативен тест или антитела на посетителите, Грција има амбиција на 14 мај да го отвори туризмот, согласно планот што денеска, го презентираше министерот за туризам на Харис Теохарис во рамките на Меѓународниот саем во Берлин.

– Имајќи го предвид спроведувањето на здравствените протоколи, се стремиме да го отвориме туризмот на 14 мај, истакна Теохарис и додаде дека ги ажурираат здравствените протоколи од минатата година, кои планирано е да бидат тестирани на почеток на април со земјите од ЕУ и со земји кои имаат висок процент на вакцинирани како што е Израел.

Сепак, истакна дека датумите поврзани со отворањето се индикативни и може да се променат, во зависност од развојот на ситуацијата, но потенцираше дека Грција е подготвена „со комплетен протокол за лето 2021“.

– Туристите се добредојдени ако пред патувањето или се вакцинирани или имаат антитела или негативен тест. Сите туристи ќе бидат предмет на случајно тестирање, слично на минатата година, базирано на нашиот ЕВА систем.

А секако, важна разлика е тоа што оваа година можеме да користиме брзи тестови. Тоа значи дека изолацијата ќе започнува веднаш, без да се чека 24 часа, по сместувањето во собите, рече Теохарис и додаде дека исто како и лани, така и следново лето трошоците за лекување или грижа на туристите во случај на Ковид-19, ќе биде на товар на државата.

Паралелно истакна дека сите правила што важи за грчките граѓани, ќе важи и за посетителите, без исклучоци, а како пример ја спомена задолжителната употреба на маска на јавни места.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сопругата на Пендаровски, која е стоматолог се вакцинираше против Ковид-19

Редакција

Штип, Свети Николе и Куманово со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Ќе го „подбере“ ли некој конечно поглаварот на ИВЗ, Реџепи за континуирано јавно ширење омраза

Редакција