еМагазин
Image default
Балкан

Грците ги напуштија поголемите градови и се упатија кон нивните викендички на море поради карантинот до 30 ноември

Грција од денеска е во карантин кој ќе трае до 30 ноември. Граѓаните ќе може да излезат само доколку е неопходно со претходна најава на СМС порака.

Зголемена раздвиженост синоќа се забележа во продавниците и супермаркетите во повеќе делови на Атина, но и на автобуската и железничката станица, како и на автопатите за излез од грчката престолнина.

Грците, максимално го искористија последниот ден пред почетокот на денешниот карантин што ќе трае три седмици, за шопинг, но и прошетка.

Фризерските и козметичките салони и берберниците, кои со одлука на Владата ќе работат и за време на викендот, беа преполни. За нив карантинот ќе почне во понеделник.

Поради големата раздвиженост на граѓаните, имаше проблеми во сообраќајот во Атина, но и на автопатите за излез од градот.

Според информациите во грчките медиуми во петокот изутрина, за само три часа, од патарините за излез од Атина, поминале над 12.000 возила.

Зголемена била раздвиженоста и на атинското пристаниште, како и на меѓуградската автобуска станица и на железничката станица. Студентите си заминаа во нивните градови, жители на Атина, се упатија кон нивните села и викендички.

Поради зголемениот број патници и за да се избегне гужва, од грчката железница соопштија дека денеска и утре ќе има вонредни возови.

Ситуацијата, како во центарот на Атина, така и на излезните точки од градот, потсетуваше на претпразничен период.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош, лани 1.992 Македонци добиле бугарско државјанство

Редакција

Ви треба ПЦР тест и потврда од српската владина комисија: Од 1 јуни Србија ја отвара границата со Македонија

Редакција

ЕУ побара нови избори во општините на северот на Косово, учество на Србите и формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство

Редакција