еМагазин
Image default
Локално

Грозоморен случај во Гостивар: Три лица обљубиле дете

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против три лица кои во март и јули 2018 година извршиле обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години.

Надлежниот јавен обвинител од ОЈО Гостивар заедно со обвинителниот акт до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, првообвинетиот се товари за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Тој во март 2018 година управувајќи возило го сретнал детето и на сила го внел во возилото.

Потоа го однел на запуштено место каде извршил обљуба врз детето – жртва, на кое по стореното дело му дал паричен надоместок. Второобвинетиот во јули 2018 година му понудил пари на детето – жртва, по што извршил обљуба во неговата семејна куќа.

Во текот на следните месеци второобвинетиот го наведувал и поттикнувал детето да остварува контакти преку социјалните мрежи со цел остварување на сексуални односи со други лица, а за тоа барал детето да наплатува и да го известува. Поради стореното, второобвинетиот освен за Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се товари и за сторено кривично дело Посредување во вршење проституција.

Третообвинетиот, кој се гони за продолжено вршење на кривичното дело, извршил обљуба врз детето – жртва повеќепати, искористувајќи ист траен однос и иста прилика. Во обвинителниот акт ова лице се товари за сторено продолжено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се додава во соопштението од Јавното обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициската станица Аеродром привремено преместена во населба Лисиче

Редакција

(Фото) Наместо ред, учество во хаосот: Полициски автомобил паркиран на велосипедска патека

Редакција

Битолчaнец фрлал марихуана бегајќи од полицијата

Редакција