еМагазин
Image default
Македонија

Груби: Ахмети има преземено иницијатива за план Б, која е доставена и до Бугарија, за почнување на преговорите со ЕУ

Првиот вицепремиер, од редовите на ДУИ, Артан Груби за дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има план Б за отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

„Господин Ахмети има започнато иницијатива, што е доставена и во Бугарија, но и во другите земји на ЕУ, како пратеник, дел на мнозинството. Се работи за иницијатива, идеја на еден член на мнозинството, ова сме го разговарале и со премиерот, и со други членови на Владата, но и со меѓународни пријатели, со цел да се постигне слична „формула“ како со нашето членство во НАТО“, посочи Груби.

Тој истакна дека се работи за ист случај како во 2008 година во Букурешт, каде беше посочено дека во моментот кога ќе се реши прашањето со името, Македонија ќе стане дел од НАТО, како и што се случи.

„Истото, како план Б, сакаме да го реализираме и со Република Бугарија. Сите земји членки во Советот за општи работи на ЕУ, да одлучат дека првата меѓувладина конференција со РСМ и Албанија ќе биде на ист датум, со услов да се реши билатералниот спор меѓу Скопје и Софија.

Ако се реши спорот, автоматски ќе имаме прва меѓувладина средба со ЕУ“, додаде Груби.

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владината коалиција и парламентарното мнозинство се стабилни, тврди Ковачевски

Редакција

Професорката Котлар: Кoгa веќе немa чoвек вo Влaдaтa, ќе кажам и повторам – Гoце Делчев е Мaкедoнец oд Кукуш

Редакција

Попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена

Редакција