Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, вели дека денешните изјави во врска со судскиот процес за „Плацеви на Водно“ се „контрадикторни на доказите на Обвинителството.“
„Оваа игра е смислена неодамна и е набрзина обмислена. Невидена игра, како во холивудски филм. Но, во тие филмови секогаш победува правдата и вистината.
За сега ми останува да верувам дека порано или подоцна и во оваа голема хајка на власта против мене, во која не се бираат средства, ќе победи вистината,“ пишува меѓудругото Груевски на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судење за „Плацеви на Водно”: Груевски преку Алек Теранова ја добил фирмата „Сирах Лимитед”
Кумот Новачевски го разоткри Груевски на судењето за „Плацови на Водно“
Фото: Груевски/Фејсбук