еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Група угостители на големо ги прекршуваат мерките за заштита од Ковид-19, вели директорот на Пазарна инспекција

Одредена група угостители на големо ги имаа пречекорено мерките за заштита од Ковид-19, вели за МИА, директорот на Пазарна инспекција, Стојко Пауновски.

Заради овие причини инспекторите на Пазарна инспекција, како и во изминатиот период и во претстојните денови ќе вршат контроли низ цела држава.

– Некогаш не е до самите газди, туку и до совеста на гостите. Менталитетот балкански е таков, стануваат, скокаат. Моментно на терен се 12 групи инспектори. Значи, контроли ќе се вршат и во текот на денот.

Претходно кривични пријави поднесовме за неколку угостителски објекти во Струга и Скопје. Пречекорување на работно време и непочитување на протоколите за Ковид-19 се едни од причините за изрекување на овие пријави, изјави Пауновски за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Настап на Владо Георгиев во Скопје без маски и дистанциа ги „запали“ социјалните мрежи, обејктот затворен

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарката Наташа Хаџиспиркоска Стефанова донираше крвна плазма по прележан Ковид-19

Редакција

Нови 984 случаи на Ковид-19 од 2.995 тестирања

Редакција

Кои се најтргуваните 10 акции на Македонската берза во септември

Редакција