еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Групата од осум ученици и наставникот го напуштија подрачјето погодено од земјотресот и се на пат кон Анкара

Групата од осум ученици и нивниот ментор/наставник, државјани на Македонија, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција, го напуштиле погоденото подрачје од земјотрес и се на пат кон Анкара.

Како што соопшти МНР, во организација на Амбасадата на Македонија во Анкара, со две возила, учениците во текот на денот ќе пристигнат во турскиот главен град.

Оттука учениците ќе бидат упатени кон Истанбул каде е обезбедено привремено сместување, сѐ до нивното заминување кон земјава кое се планира да биде во текот на утрешниот ден.

Меѓу нив се и двата ученика кои беа повредени, и кои се во добра здравствена состојба и се чувствуваат добро.

Според последните информации, добиени денеска до 8:30 часот, во разорниот земјотрес, кој ја погоди југоисточна Турција, загинаа над 3.300 лица и над 20 илјади се повредени, а над шест илјади згради се уништени.

Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

Од МНР уште еднаш упатуваат за каква било прашања нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на загинати од земјотресот во Турција и Сирија се зголеми на околу 5.000

(Вознемирувачко видео) Репортер во живо го фати моментот на вториот силен земјотрес во Турција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов од Битола порача: Гоце Делчев самиот напишал што е, нема смисла тоа да се спори

Редакција

СДСМ: Најголемите 10 лаги на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ во 2018

Редакција

Две млади лица од Охрид загинаа во собраќајка кај Ресен

Редакција