еМагазин
Свет

Гувернерот на Њујорк бара легализирање на марихуаната за рекреативни цели

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо на почетокот на следната година на американскиот конгрес ќе предложи предлог-законот, со кој се дозволува употреба на марихуана за рекреативни цели.

„Кај нас дејствуваат два кривично-правни системи. Еден за богатите и друг за сите други. На тоа ќе биде ставен крај. Ајде да ја легализираме консумацијата на марихуана од возрасни еднаш засекогаш“, изјави Куомо.

Според извештајот, подготвен на барање на гувернерот, таква легализација на марихуаната може да донесе над 1,3 милијарда долари даночни приходи годишно.

Во моментов потрошувачката на марихуана за рекреативни цели е дозволена во 10 американски држави и округот Колумбија, а во други 33 држави се дозволува продажба на марихуана за медицински цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Проектил падна во Полска, медиуми тврдат дека е руски, две лица загинаа

Редакција

(Видео) Илјадници Палестинци пешки со часови, бегаат од северна во јужна Газа

Редакција

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство

Редакција